Борбите кај Доњецк го нарушија месечното примирје

Украинската војска ги обвини руските сепаратисти на најнови прекршувања на месечното примирје. Портпаролот Владимир Полјов денеска изјави дека двајца украински службеници биле убиени во последните 24 часа откако владините сили биле нападнати во неколку делови на исток, вклучувајќи го и аеродромот во Доњецк, каде што сите стратешки објекти се под контрола на сепаратистите. Високиот официјален претставник на бунтовниците, Едуард Басулин изјави дека тројца сепаратистички борци биле убиени во изминатите 24 часа, главно во борбата околу заземање на аеродромот во Доњецк. Бунтовниците се обидуваат со недели да ги отстранат владините трупи од аеродромот, чија пак модернизирана писта е способена за користење на тешки транспортни авиони. Украинскиот претседател Петро Порошенкo го нарече прекинот на огнот на 5 септември камен-темелник на мировниот план кој треба да стави крај на конфликтот во источниот дел на Украина.