Стивнуваат продемократските протести во Хонг Конг

Продемократските демонстранти во Хонг Конг соопштија дека ќе отстранат некои барикади откако полицијата предупреди дека ќе се преземат сите неопходни мерки за да се расчистат нередите по улиците на почетокот на работната недела. Демонстрантите ова го соопштија денеска, на осмиот ден од почнувањето на протестите од страна на десетици илјади луѓе кои го прекинаа нормалното функционирање на градот. Полицијата вооружена со солзавец и палки се судрија со продемократските демонстранти во текот на ноќта, како и со активисти кои тврдат дека агитатори од криминалните банди во градот се платени да ги нападнат мирните демонстранти. Демонстрациите траат цела недела, а со нив се бара право за номинација на кандидати за шеф на Хонг Конг на изборите во 2017 година. Кина инсистира само однапред одобрените кандидати да бидат во можност да се борат за таа позиција .