Четворица загинати во сообраќајна несреќа во северна Грција

Четири лица загинале, а најмалку 23 се повредени, откако камион предизвикал сообраќајна несреќа на автопатот Игнација во северна Грција, соопштија грчките власти. Шефот на регионалната управа на противпожарната служба Хрисантос Атанасопулос посочи дека над 35 автомобили учествувале во верижната несреќа. Заради работи на патот биле затворени лентите на автопатот во правец на исток и автомобилите биле пренасочувани на 75 километри западно од Солун. Камион, што се приближувал кон местото на пренасочувањето, не ја намалил бризната и се удрил во автомобилот пред него, по што овој се запалил и удрил во возилата што му доаѓале во пресрет. На некои од лесно повредените им била укажана медицинска помош на местото на несреќата.