Земјотрес во Мексико, нема повредени

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го потресе југоисточниот дел од Мексико, но досега не се пријавени поголеми материјални штети или повредени. Земјотресот бил со епицентар во државата Веракруз, 47 километри југоисточно од Саула де Алеман. Земјотресот бил почуствуван на длабочина од 145 километри. Националниот институт за сеизмологија на Мексико првично измерил земјотрес со јачина од 6,2 степени. Националниот координатор за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте изјави дека биле забележани штети кога властите го провериле регионот.