Кинескиот премиер најави посета на Русија

Кинескиот премиер Ли Keчијанг ќе да ја посети Русија овој месец, како дел од европската турнеја. Кинеската новинска агенција Ксинхуа објави дека повеќе од 30 договори за финансии, енергија и високо-брзински железнички соработка ќе бидат потпишани за време на посетата на Ли во Русија. Ли се очекува да отпатува за Москва на 13 октомври, откако присуствуваше на Азија-Европа самитот во Италија, а предвидена е и посета на Германија како дел од европската турнеја почнувајќи од следната недела. Патување доаѓа во време кога кинеската територија на Хонг Конг ја тресат продемократските демонстрации, но и откако Европската унија ги интензивираше санкциите врз Русија во врска со своите активности во Украина. Кина и Русија имаат блиски економски и дипломатски врски и Пекинг соопшти дека нема нема да зазема страни кон Запад или кон Русија во врска со случувањата во Украина.