Најмалку пет мртви во бомбашки напад во Пакистан

Во експлозија на бомба на автобуска станица во северозападен Пакистан, загинале најмалку пет лица. Полицијата соопшти дека во нападот во градот Кохат исто така биле повредени четири други лица. Бомбата го погодила автобусот со многу патници кои заминувале на различни локации за да го прослават муслиманскиот фестивал на Еид ал-Адха. Засега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот. Пред два ена во експлозија на бомба на патнички автобус во предградието на Пешавар загинаа седум лица. Нападите доаѓаат откако пакистанската армија спроведува неколкумесечната офанзива чија цел е расчистување на областа Северен Вазиристан од Талибанците и други бунтовнички групи.