Путин го ратификуваше Договорот за Евроазискa економскa унија

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификување на Договорот за создавање на Евроазискa економски унија, во која влегуваат Русија, Белорусија и Казахстан.

Според договорот, Унијата треба да почне да функционира на 1 јануари 2015 година, со што ќе се интензивира економската соработка помеѓу трите земји.


Претседателите на трите земји на 10 октомври во Минск имаат закажано средба на која треба да си ги разменат ратфикуваните документи. Се очекува Ерменија, исто така, да се приклучи на Унијата во блиска иднина.