Хуманитарец на Црвениот крст загинал во Доњецк

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден работник на Црвениот крст загинал во Доњецк од истрели кои дошле од територија контролирана од страна на украинските владини сили.

Руските власти сметаат дека смртта на хуманитарниот работник е „убиство“ и повикаа одговорните да бидат казнети.

Министерството, исто така, ги повика сите страни да го набљудуваат прекинот на огнот што беше договорен на 5 септември

Киев и сепаратистичките милитанти во Доњецк се обвинуваат меѓусебно за смртта на хуманитарниот работник.

Од Делегацијата на Европската Унија во Москва, изразија загриженост за поткопувањето на прекинот на огнот и повикаа на набљудувачите на ОБСЕ и на Црвениот крст да им биде дозволено да работат слободно.