Нови и поостри санкции за сообраќајни прекршоци

Со новиот Предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, се предвидени нови сообраќајни прекршоци, и построги казни.

Една од измените е доколку во предвидениот рок не се плати определената глоба или до 30-oт ден не се запишат негативните поени во возачката книшка, тогаш налогот веднаш оди на извршување во Управата за јавни приходи. Најкарактеристични случаи за кои е предвиден мандатен платен налог е брзото возење, возење под дејство на алкохол и непрописно паркирање и запирање.

За надминување на дозволената брзина се зголемува казната и може да достигне до 500 евра или 65 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци.

Има измени и што се однесува до возење на дејство под алкохолот, Освен поголеми казни и помало дозволено присуство на алкохол, новина тоа што е предвидено лицата да можат да бидат задржани во Полициска станица се до нивно отрезнување, а најмногу до 12 часа.

За сигурносниот појас доколку не го користи возачот глоба е предвидено од 45 евра во денарска против вредност или 25 негативни бода, додека за сопатниците казната е 50 евра. Говорење на мобилен на возачот ќе се казнува со 45 евра или 25 поени.

Со овој Предлог-закон велосипедистите се должни да имаат на предната страна бело светло и катадиоптер, во спротивно ќе плаќаат глоба од 50 евра. А има измени кои се однесуваа и на авто-школите.