Јункер во неофицијална посета на Атина

Новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска е во неформална посета на Атина каде ќе има средба и работен ручек со премиерот Андонис Самарас.

Претставници на прес службата на грчката Влада велат дека двајцата политичари нема да даваат никакви изјави за медиумите, со оглед на тоа што посетата е неофицијална.

Сепак, грчките провладини медиуми коментираат дека втората, во рок од два месеци, посета на Јункер на Атина е знак на поддршка на ЕУ за Грција.