Турција не сака Кобане да падне во раце на ИД

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турција не сака доминантно курдскиот град Кобане во Сирија, што се наоѓа во непосредна близина до нејзината граница, да падне во раце на борците од „Исламска држава“ и ќе направи се што е можно тоа да го спречи, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

„Ние не сакаме Кобане да падне. Ние ќе направиме се што можеме за да спречиме тоа да се случи“, изјави Давутоглу.

Давутоглу ова го изјави откако турскиот парламент го одобри предлогот на владата да се спроведат воени операции во Ирак и Сирија. Пратениците, исто така, одобрија турската територија да може да се користи од странските коалициски сили при воените операции. Борците на Исламската джрава го опколија Кобани во последниве недели.

Во Турција се наоѓаат повеќе од 160 илјади бегалци од таа областа.