Најмалку 17 милитанти убиени во Пакистан

Пакистанската армија соопшти дека убиле 15 милитанти и уништиле три од нивните скривалишта за време на воздушните напади во северозападниот регион на границата со Авганистан. Војската соопшти дека воздушната кампања била насочена кон проблематичната област Кибер. Пакистанската војска започна со офанзива во јуни во друга проблематична област, Северен Вазиристан, против Талибанците, користејќи и воздушни и копнени напади. Од Армијата соопштуваат дека се убиени повеќе од 1.000 милитантии, а изгубиле околу 100 војници во операцијата, но боројката не може да биде независно потврдена.