Камерон им оддаде почит на загинатите британски војници во Авганистан

Архивска фотографија - Камерон во Авганистан, декември, 2013

Британскиот премиер Дејвид Камерон кој пристигна во ненајавена посета на Авганистан, им оддаде почит на 453 британски војници кои загинале додека служеле во Авганистан. Предвидено е Камерон да разговора со лидерите на новата влада на национално единство.

Тој денеска изјави дека од 2001 –та , по инвазијата предоводена од САД, Авганистан се трансформира и создава своја армија и полиција, кои би можеле да ја одбранат земјата.

Посета на Камерон доаѓа на само четири дена по инагурацијата на новиот претседател Ашраф Гани, кој на власт дојде по неколку месеци на политички превирања.

По САД, Велика Британија е втората земја која има најмногу војска во меѓународната воена коалиција.

Британските војници треба да заминат од Авганистан до крајот на годината, по 13 години служба.