Австралија ќе учествува во воздушната кампања во северен Ирак

Австралија денеска потврди дека ќе и се приклучи на коалицијата предводена од САД која презема воздушни напади врз цели на милитантната исламската држава во северен Ирак по барање од Багдад.

Според најавите од генералштабот на австралиската армија се очекува воздушните напади на нивната авијација да почнат "во текот на следните денови.

Австралија распореди шест борбени авиони во Обединетите Арапски Емирати пред повеќе од две недели по формално барање од САД.