Ерменски војник убиен од истрели од Азербејџан

Ерменски војник на границата со Азербејџан.

Ерменски војник кој служел во проблематичниот регион Нагорно-Карабах е убиен од истрели кои дошле од Азербејџан. Од ерменското Министерство за одбрана изјавија дека војникот починал од раните кои му биле нанесени на 1 октомври. На истрелите што дошле од Азербејџан им било возвратено. Тензиите на границата се разгореа на почетокот на август, а десетици луѓе загинале за овој период на зголемено непријателство на спорната граница.

Отцепениот регион Нагорно-Карабах, сега е населен во целост од страна на етнички Ерменци, но регионот се наоѓа во рамките на меѓународно признатите граници на Азербејџан.

Иако од 1994 година на сила е примирје, сепак има малку напредок во преговорите за траен мир во тој регион.