Татарска писателка осудена за предизвикување национална омраза

Познатата татарска писателка, активистка и лидерка на самопрогласеното пантатарско движење Мили Меџилис(Национално собрание), Фаузија Бајрамова.

Познатата татарска писателка, активистка и лидерка на самопрогласеното пантатарско движење Мили Меџилис(Национално собрание), Фаузија Бајрамова, е осудена на условна казна затвор од една година. Судот во градот Чали денеска ја прогласи Бајрамова за виновна за предизвикување национална омраза. Судот исто така ѝ забрани да го менува местото на живеење во Чали во руската Република Татарстан во период од една година. Таа се изјасни како невина по побвиненија против неа, истакнувајќи дека случајот е политички мотивиран. Бајрамова беше обвинета, откако во февруари годинава на нејзиниот Фејбук профил напила два текста во кои ја осудува руската анексија на Крим од Украина.