Новинарите против Рохани

Група ирански новинари отворено го критикуваа претседателот Хасан Рохани поради неговото тврдење дека во Иран не се затвораат новинари во затвор. Рохани ја даде таа забелешка во интервју за Cи –Ен -Ен на 26 септември.

Тој изјави дека не верува дека некого би притоворе или би го ставиле во затвор затоа што е новинар. Група новинари во отворено писмо испратено денеска велат дека претседателот ја изопачува и ја негира реалноста. Писмото го потпишале 135 новинари и активисти.
Во јуни, организацијата Репортери без граници соопшти дека тие знаат за 58 новинари кои се затворени во Иран.