Богов - Надворешниот долг на земјава не е загрижувачки

Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки, бидејќи две големи компоненти отпаѓаат на трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти кои се многу позитивни за нашата економија и всушност се странски директни инвестиции, смета гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Гувернерот појасни дека НБРМ редовно врши анализа на сите индикатори околу надворешниот долг на земјата со користење на препораките на ММФ, Светска банка и меѓународно прифатени прирачници за таа намена.

„Единствено по учеството на долгот во БДП, Македонија во континуитет се вбројува во делот на високо задолжени земји уште од 2005 година“, изјави Богов.