Експлозија на бомба во патнички автобус во Пакистан

Најмалку седум луѓе загинаа, а петмина се повредени во експлозија на бомба во патнички автобус во северозападниот дел на Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбата експлодирала во предградието на Пешавар на 2 октомври, додека автобусот се движел кон градот Хангу.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Вчера пак една наставничка загина, а две ученички беа повредени во експлозија на бомба во училиште североисточно од Пешавар. Полицијата соопшти дека неидентификувани напаѓачи фрлиле две рачни бомби на училиштето.