Русија започна истрага против украинските воени власти

Руските власти соопштија дека започнале истрага против украинскиот министер за одбрана и други високи воени претставници. Портпаролот на рускиот Истражен комитет, Владимир Маркин, рече дека военото раководство на Украина, меѓу кои и министерот за одбрана, се соочуваат со обвиненија за геноцид и воени злосторства.

На 29 септември, Русија ги обвини украинските воени и политички лидери за извршување „геноцид“ против луѓето кои зборуват на руски јазик во источна Украина.

Украинските власти ги отфрлија обвинувањата и возвратија со тоа што и тие отворија кривична истрага против функционери на рускиот Истражен комитет.