Борби за аеродромот во Доњецк

Доњецк, 1 октомври, 2014.

Бунтовничките сили во источниот дел на Украина вршат притисок врз владините сили кои го држат под конторла аеродромот во градот Доњецк. Портпаролот на украинската војска денеска соопшти дека про-руските сепаратисти продолжуваат со офанзивата започната претходниот ден. Лидерот на бунтовниците вчера изјави дека сепаратистички сили во моментов контролираат околу 90 отсто од територијата на аеродромот и планираат да го имаат целосно под нивна контрола за два до три дена. Аеродромот е во фокусот на борбите меѓу владините сили и бунтовниците и покрај прекинот на огнот потпишан на 5 септември.