Бомбашки напад во Кабул, 3 лица убиени, над 10 повредени

Бомбашки напад во Кабул, 1 октомври, 2014.

Три лица се убиени, а 10 повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбата била насочена кон автобус на авганистанската армија. Талибанците ја презедоа одговорноста за вчерашните напади наосочени исто така кон воени автобуси, при што загинаа седум лица, а 21 беа повредени. Нападите доаѓаат кратко откако Авганистан потпиша безбедносен договор со САД.

Преземајќи ја одговорноста за бомбашките напади на 1 октомврии, Талибанците го критикуваа новиот претседател Ашраф Гани и неговата влада за тоа што им дозволија на странски војници да останат во земјата.