Во Вашингтон средба Обама - Нетанјаху

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека "статус квото" меѓу Израел и Палестинците мора да се промени за да се избегне повторување на војната во Газа војна меѓу Израел и Хамас.

Обама за време на посетата на Бенјамин Нетанјаху пред разговорите во Белата куќа на израелскиот премиер му рече дека треба да се најдат начини и израелски граѓани да бидат безбедни и да се избегне трагедијата на убиените палестинските деца.

Двајцата лидери разговараат за заканата од милитантите на Исламската Држава, нуклеарната програма на Иран, како и застојот во мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.