Караџиќ презеде „моралната одговорност„ за српските злосторства во БиХ

Поранешниот лидер на Србите во Босна и Херцеговина Радован Караџиќ ја презеде „моралната одговорност„ за српските злосторствата во текот на војната, но не ги прифати обвинувањата за тоа дека наредувал да се убива несрпското население.Во своето излагање во завршниот збор на одбраната на судењето пред Меѓународниот суд во Хаг, Караџиќ изнесе само куса верзија на својата одбрана, која има над 800 страници. Обраќајки се пред судот, тој рече дека ништо не знаел за убиствата во Сребреница, но дека ја прифаќа одговорноста за злосторството извршено од секој жител на Република Српска и на нејзините воени сили.Повеќе од 7500 босански муслимани, меѓу кои имаше и деца, некои на возааст од само 12 години, беа убиени во Сребреница во јули 1995 година од војската на босанските Срби, предизвикувајќи го најголемото масовно злосторство на тлото на Европа, по завршувањето на Втората светска војна.По завршувањето на воените судирања во БиХ, Караџиќ успеваше да се крие цели 13 години, честопати менувајќи го својот идентитет, за во 2008 година да биде откриен и уапсен во Белград.Обинителот во хашкиот процес против Караџиќ, претходно побара од судот да му изрече казна од доживотен затвор. Овој поранешен лекар од Сараево беше обвинет за геноцид и за воени злосторства.