Гани нареди нова истрага за Кабулска банка

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани нареди нова истрага за случајот на измама тежок 850 милиони долари што речиси доведе до падот на најголемата комерцијална банка во земјата, Кабулска банка, во 2010 година.

Гани, еден ден откако е инагуриран за претседател на земјата, нареди Врховниот суд на Авганистан повторно да го отвори случајот со Кабулската банка, ветуваји дека борбата против корупцијата ќе биде направена на темелен и систематски начин.

Судовите во Авганистан беа критикувани зошто донеле мали казни за луѓето осудени во случајот. Кабулска банка опфаќа околу една третина од банкарскиот систем во земјата, а преку банката плата добиваат голем дел од владините службеници, меѓу кои Армијата и безбедносните сили. Банката беше преименувана во Нова Кабулска банка откако доби владината финансиска помош.