Два бомбашки напади во Кабул, најмалку 7 жртви

Најмалку седум лица се убиени, а 20 ранети во два самоубиствени бомбашки напади во главниот град на Авганистан. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите во источниот и западниот дел на Кабул на почетокот на 1 октомври. Полицијата во Кабул рече дека дватa напади биле насочени кон автобуси кои превезувале авганистански војници. Посериозен е нападот во западниот дел на градот, во близина на Кабулскиот универзитет, притоа е уништен воениот автобус и скршени се стаклата на околните продавници. Насилството доаѓа на ден по потпишувањето на воениот договор меѓу САД и Авганистан со кој се овозможува американски војници да останат во земјата по крајот на годинава.