Јункер в сабота во Атина

Жан Клод Јункер

Новиот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе ја посети Грција на 4 октомври, јавија грчките медиуми. Тоа ќе биде прва официјална посета на Јункер неколку дена пред да застане на чело на Комисјата. Грција вчера почна нов круг преговори со тројката. Премиерот Андонис Самарас, кој ќе се сретне со Јункер, неодамна изјави дека Грција нема потреба од трет спасувачки пакет и оти од идната година земјата ќе може сама да ги покрива финансиските потреби.