Караџиќ со завршен збор на неговото судење

Радован Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ денеска се очекува да има завршен збор во процесот на кој му се суди за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина. Караџиќ кој сам се брани пред Хашкиот трибунал се соочува со единаесет обвинувања, вклучувајќи го и масакрот во Сребреница кога во јули 1995 година беа убиени над 7 илјади муслимански мажи и момчиња. Пред два дена обвинителството го заврши случајот против Караџиќ, наведувајќи дека тој бил водечка сила во кампањата на геноцид на несрпското население во Босна. Обвинителството побара максимална казна, односно доживотен затвор за Караџиќ.