Временска прогноза - сончево и умерено облачно

Во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по одделни котлини можна е појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 26 степени.