1.000 денари казна за возење без билет во ЈСП

На секој патник што од утре ќе биде затекнат да користи јавен превоз во возилата на ЈСП Скопје без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор ќе му биде издаден дополнителен билет во износ од 1.000 денари, кој е должен да го плати, информира Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Во спротивно, велат оттаму, наплатата ќе биде реализирана со ангажирање на овластен извршител во износ од 50 евра.

Досега ЈСП Скопје наплаќаше по 300 денари доколку во нивните возила беше затекнат патник без билет.