Русија и Казахстан потпишаа договор за нуклеарна соработка

Русија и Казахстан потпишаа договор за нуклеарна соработка. Договорот беше потпишан за време на форумот меѓу пограничните региони на Русија и на Казахстан кој се одржува денеска. Рускиот претседател Владимир Путин и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев присуствуваа на еднодневниот форум.

Според договорот, меѓу другото, треба да биде изградена нуклеарна централа во источен Казахстан.