Меркел - Неизвесна иднината на енергетско партнерство меѓу ЕУ и Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ можеби ќе треба повторно да размисли за своето енергетско партнерство со Русија, ако Москва продолжи да ги крши базичните принципи. Таа рече дека енергетската соработка меѓу ЕУ и Русија е од корист за двете страни, нагласувајќи дека во различни држави од Унијата има различни нивоа на зависност од испораките на природен гас од Русија. Сепак, Меркел рече дека енергетската соработка меѓу ЕУ и Русија ќе треба да биде преиспитана на среден до долг рок, „ако продолжи прекршувањето на принципите“, осврнувајќи се на почитувањето на националниот суверенитет. Таа рече дека не гледа простор за намалување на економските санкции против Русија, воведени поради руските активности во Украина. Меркел ова го изјави на заедничка прес-конференција со финскиот премиер Александар Стуб во Берлин.