Продолжуваат протестите во Хонг Конг

Продемократските демонстранти ноќеска останаа на улиците на Хонг Конг. Специјалците употребуваа солзавец против нив за време на викендот, но вчера се воздржаа за да ги намалат тензиите меѓу демонстрантите чиј број се зголемува. Студентите протестираат против плановите на Кина за изборите во Хонг Конг во 2017 година, откако Пекинг објави дека мора да ги одобри сите кандидати што сакаат да учествуваат на изборите. Белата куќа соопшти дека американската влада внимателно ја следи состојбата во Хонг Конг. САД ги повикаа тамошните лидери на воздржаност против продемократските демонстранти.