Тежок распит на шефицата на американската Тајна служба

Шефицата на американската Тајна служба, Џулија Пирсон.

Шефицата на американската Тајна служба, Џулија Пирсон, се очекува денеска да се соочи со тежок распит пред Конгресниот комитет за надзор и владини реформи. И демократите и републиканците велат дека сакаат таа да објасни како планира да ги промени културата и процедурите на агенцијата. Расправата беше поттикната од инцидентот на 19 септември кога човек со нож се прекачи преку оградата на Белата куќа. До сослушувањето доаѓа еден ден по утврдувањето дека 42-годишниот Омар Гонзалес, кој е ветеран од војната во Ирак, совладал еден стражар на главниот влез и пред да биде совладан влегол многу подлабоко во зградата отколку што претходно се соопштуваше.