Над 3.000 луѓе загинале во обид да го преминат Медитеранот

Повеќе од 3.000 луѓе загинале годинава обидувајќи се да го преминат Медитеранот и да стигнат во Европа, соопшти Меѓународната организација за миграција која тесно соработува со ОН. Од Организацијата денеска соопштија дека 3072 смртни случаи се повеќе од двојно од претходниот рекорд во 2011 година.

Тие исто така соопштија дека смртта на мигранти кои се обидуваат по морски пар да стигнат во Европа, соочинува 75 отсто од вкупниот светски број на смртни случаи на мигранти, кој од јануари до сега изнесува 4077 регистрирани случаи.

Извештајот на Организацијата доаѓа само неколку недели по поотонувањето на бродот што пренесуваше околу 500 мигранти, вклучувајќи Сиријци, Палестинци и Египќани, меѓу кои и околу 100 деца.