Разговорите за нуклеарната програма на Иран продолжуваат за две недели

Разговорите меѓу Иран и светските сили за нуклеарната програма ќе продолжат во Европа пред средината на октомври, соопшти официјален Техеран. Запеник министерот за надворешни работи Абас Арагчи денеска соопшти дека преговорите кои треба да резултираат со историски договор до 24 неомври, ќе продолжат во Виена или во Женева за околу 2 недели. Тој, исто така, изјави дека за време на неодамнешните разговори во Њујорк не се направи „значителен напредок“ и дека Иран не е заинтересиран за продолжување на крајниот рок.
Шесте светски сили ( Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија) се обидуваат да постигнат договор за да се намалат нуклеарните активности на Техеран до крајниот рок. Западните сили се плашат дека Техеран ја употребува својата нукеларна програма за да развие нуклеарно оружје, а Иран вели дека тоа им е за мирнодопски цели.