Инаугуриран новиот претседател на Авганистан

Ашраф Гани

Ашраф Гани денеска во Кабул положи заклетва како нов претседател на Авганистан. Тоа е прво демократско предавање на власта во таа земја досега. Гани на 21 септември официјално беше прогласен за победник на претседателските избори чиј втор круг се одржа пред три месеци. Тој вети дека ќе потпише спогодба со Соединетите држави со што се овозможува останување на извесен број американски војници во Авганистан и по повлекувањето на странските сили кон крајот на годинава.