Хонг Конг: протестите продолжуваат специјалците повлечени

Хонг Конг

Властите на Хонг Конг соопштија дека ги повлекле специјалните полициски сили од улиците во градот каде што се одржуваат досега најголемите продемократски протести. Вчера полицијата со употреба на солзавец и водени топови се обиде да ги растера демонстрантите. Студентите пред неколку дена почнаа протести на кои бараат поголеми демократски права и средба со властите на Хонг Конг за изборни реформи.