Филе во посета на Албанија

Еврокомесарот за проширување во заминување Штефан Филе, денеска ќе престојува во Албанија. Тоа е негова прва посета, откако оваа земја на 24 јуни доби кандидатски статус. До посетата доаѓа пред финализирањето на годишниот извештај за напредокот на Албанија кој се очекува да биде објавен во првата половина на октомври. Петте клучни приоритети за Албанија се човековите и малцински права, судството,корупцијата, организираниот криминал и реформата во јавната администрација.