Урната статуата на Ленин во Харков, Украина

Демонстрантите во источно-украинскиот град Харков ја урнаа статуата на Владимир Илич Ленин. Големиот 20-метарски споменик на Ленин на Плоштадот на слободата во Харков беше нападнат веднаш по про-украинскиот марш кој илјадници луѓе го одржаа во вториот по големина град во Украина. Луѓето употребиле скали за да пријдат до статуата и ја собориле, а стотици лица стоеле во близина и гледале. На плоштадот немало присутни полицајци.

Харков, кој се наоѓа на 20-ина километри од руската граница, во март и април беше местото каде што имаше насилни судири меѓу про-руските демонстранти и украинските приврзаници. Про-руските сепаратисти во Харков ја штитеа од уривање статуата на Ленин во претходните обиди за нејзино отстранување.