Завршни обраќања во процесот против Радован Караџиќ

Во судот во Хаг денеска ќе бидат изнесени завршните обраќања во процесот против поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, обвинет за геноцид и воени злосторства. Обвинителите на Трибуналот побараа Караџиќ да добие казна доживотен затвор за неговите наводни злосторства, меѓу кои и масакрот на повеќе од 7 илјади муслимани во Сребреница во 1995 година. Тие исто така тврдат дека под команда на Караџиќ се извршени протерувања, убивања и тортура на стотици илјади муслимани и Хрвати.

Караџиќ и поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ, кому му се суди во одвоен процес во Хаг, инсистираат дека дејствувале за да ги заштитат босанските Срби.