Убиени тројца милитанти во Пакистан

Претставници на пакистанската разузнавачка служба соопштија дека во напад со американско беспилотно летало загинале троја милитанти, а еден бил повреден во северозападниот регион на земјата во близина на границата со Пакистан. Целта на нападот била куќа во јужен Вазиристан. Во меѓувреме во експлозија на бомба загинале 8 лица, а 11 биле повредени во камп за раселени лица во северозападен Пакистан.