Меѓународната коалиција со напади на нафтени полиња во Сирија

Воените авиони на меѓународната коалиција предводена од САД извршиле напади врз нафтени полиња во Сирија кои биле окупирани од млитантите на Исламската држава. Три нафтени рафинерии биле уништени во близина на градот Тал Абиад, кој се наоѓа наспроти границата со турскиот град Акачкале. Претходно беше нападнат и курдскиот град Аин ал Араб, кој исто така се наоѓа во близина на турската граница.