Стотици учесници на Парадата на гордоста во Белград

Пардата на гордоста во Белград

Стотици геј активисти маршираат низ Белград за време на првата Парада на гордоста во српската престолнина по четири години. Медиумите проценија дека на парадата учествуваат од 1000 до 1500 активисти. По заканите од десничарските групи, безбедносните сили ги засилија мерките низ Белград. Распоредени се полицајци, оклопни возила, водени топови и специјални сили. Парадата беше забранета во претходните три години откако националисти нападнаа учесници и се судрија со полицијата на маршот во 2010 година, при што 150 луѓе беа повредени.