Белград-Засилени безбедносни мерки пред Парадата на гордоста

Безбедносните сили во Белград пред одржување на Парадата на гордоста

Во Белград денеска се очекува да се одржи Парадата на гордоста соопштија организаторите иако Бирото за координација на службите за безбедност по синоќешната седница не се огласи во јавноста, јавуваат белградски медиуми.

Од утринските часови главните улици во Белград според кои треба да мине поворката затворени се за сообраќај. Блокирани се сите улици што водат кон центарот на градот. Безбедносните сили се распоредени на секоја раскрсница како и пред државните институции.