Лавров-САД со воените интервенции ги бранат своите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека спроведуваат воени интервенции со цел да ги бранат своите интереси. Говорејќи пред Генералното Собрание на ОН, тој порача дека Вашингтон јавно го изразил своето право на еднострана употреба на сила насекаде за да ги зачува сопствените интереси. Лавров упати критика и до НАТО за непријателската реторика кон Русија, која според него покажува дека организацијата не може да го промени својот генетски код поставен за време на Студената војна.