Венизелос-Атина учествува активно во преговорите за името

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на средбата во Њујорк со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги повторил ставовите на грчката страна за прашањето за името. Во соопштението е наведено дека Атина учествува активно, одговорно и со добра волја во преговорите што ги води Метју Нимиц.

Според грчкото МНР, Венизелос потврдил дека Грција веќе направила важни чекори кон взаемно прифатливо сложено име со географска одредница, но име за секаква употреба, домашна и меѓународна (ерга омнес).