Груевски-Не рзмислуваме за предвремени избори

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека не размислуваат за предвремени избори, туку за избори во 2018 година. Груевски ја даде изјавата одговарајќи на новинарско прашање дали предвремените избори би можеле да бидат решение за ставање крај на политичката криза во земјата поради отуството на опозицијата од Парламентот.

За време на презентирањето на отчетот за 100 дена од работењето на владата тој нагласи дека ќе вложи напори за отпочнување на дијалогот со опозицијата, но оти нема дадозволат граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани.