Русија-Ратификуван договорот за Евроазиската економска унија

Седнива на руската Дума

Руската Дума го ратификуваше договорот за Евроазиската економска унија. Законодавците едногласно го поддржаа договорот, кој го нарекоа историски за земјата. Унијата е воспоставена врз основа на Царинската унија од претседателите на земјите членки, Русија, Белорусија и Казахстан на 29 мај во Астана. Официјално унијата треба да функционира од 1 јануари наредната година.