Ашраф Гани победник на изборите во Авганистан

Ашраф Гани

Авганистанската независна изборна комисија потврди дека Ашраф Гани освоил повеќе од 55 проценти од гласовите на вториот круг од претседателските избори. На церемонијата во Кабул на Гани му беше предаден сертификатот со кој се потврдува неговата победа.

Гани и неговиот противник Абдула Абдула прогласија победа на изборите со меѓусебни обвинувања за нерегуларности на гласањето. По нивните несогласувања беше спроведена ревизија на гласачките ливчиња.